Не можам тоа што
не можам
Како патник денот го бројам
во себе и во тебе се молам
Во ноќта низ прозорот
ѕиркам светлост да видам
да не ме притиска
да не ме боли ова или она.
Не заспива болката
итроштини раѓа.
Не, не можам тоа што
не можам.
А ти кажи ми
можеш ли ти!
Последните патишта се редат
а мене пот ме облева
сина солза низ образ
се рони.
Нема врска никој не приметува
одекнува мојот збор
како досадна реприза.
Интуицијата ме убива!
Вака или така или никако.
Месечева светлост ме гали
јас бегам, барам спас
како ќе го најдам.
Не, не можам тоа
што не можам.
Менче Кадинец