Ме асоцира на воздух, со арома на природата, тие весели ноти што играат со хармонијата на нашите чувства. Истата секунда ни го продолжуваат крикот на младоста. Нè тераат да го играме танцот на љубовта. Овие нешта се како неодреден ритуал, се повторуваат секојдневно, продираат до небото и назад. Ова предизвикува завист без која телото неможе да постои, исто како душата да го напушта, до таа мера скелетот за ова стравува.
Не е сè розево овој воздух не е секогаш чист, понекогаш е толку загаден што човек просто се труе со секој земен здив. Го колне незнаењето за неговото значење. Тој воздух е како животно. Можеш ли да го скротиш и да го воспиташ според индивидуалната желба.
Се проѕевам со надеж тој воздух да продолжи да биде прифатлив за фабриките кои произведуваат отров. Да згасне тој оџак што нè оцрнува и неговите диви чувства да се преобразат во мирна иднина. Природата е животот а човекот зависник од неа. Ние со вештачките дела сами на себе си даруваме неприродна сила што нема да остане за навек бела.
Магдалена Јованова