Остана да бидеш мој. Ноќва кога чекорам низ улиците, знам дека си мој. Не припаѓаш ни никој, дури ни на вселената.
Те има во секое зрнце песок, во секој атом од воздухот којшто го дишам. Те има во очите на кои ги среќавам на улицата , во кафето кое го пијам со мојата пријателка секое утро со полу затворени очи… Некогаш, кога целосно ќе ги отворам, те снемува и можам да ја почуствувам горчината на кафето и пелин ми станува срцево. Не сакам да живеам со отворени очи, те снемува само во тој миг. Ме фаќа страв дека нема да се вратиш, дека ќе те изгубам.Сите се прашуваат зошто медитирам кога зборувам, зошто не ги отворам моите очи додека зборувам?
Но, не можам ни да зборувам со тебе, ниту да те погледнам. Навистина е чудно, но те гледам само кога сум во полу –сон, само кога полупоспана жимуркам си жив. Или можеби само тогаш си стварен?
Но, мој си, навистина си мој. Знам дека не си лажен. Знам дека си стварен. Сé она што за миг било моја помисла, тоа е стварно. Дури и само ако било сон, кој нема да се оствари.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.