Skip to content

Сведок – Виктор Кадинец

  • by

Останаа во неа некои трошки јанѕи,

забиберени со повремена дума.

Си го бираше патот и си ја биеше,

таа битка со себе.

Еден ден знаеше дека таа спазма,

ќе ја разбуди како гром од ведро небо.

Ама го игнорираше.

Не, не си играше со него,

туку стравот ја копнееше.

 

Истиот пат.

Ме сакаш.

Те сакам.

Бакнежи.

Погледи.

А најважно, слободата.

Тоа совршенство на несовршените.

Благодетот на фрлената бањарка среде соба,

како ненабран плод на јаболкница,

која израснала таму негде далеку,

подалеку од видикот на одот на ретките.

 

Истити беа по судбините.

Едно време тој не ја разбра.

Таа го пушти во думата.

Само така ќе ја научеше лекцијата.

 

Само остана една дума…

што ако грешеа.

Таа знаеше дека слободата е совршен брак.

Тој знаеше дека таа има дума.

Ќе се насмевнеше.

Ќе го завртеше грбот.

Ќе заминеше.

И јанѕата ќе ја понесеше,

за момент беше,

секунда или две.

Остана само допирот да биде сведок,

во судницата.

Судија беше времето,

а истовремено и казна.

Веќе беше сеедно кој е крив…

шахистите го нарекуваат пат позиција…

Виктор Кадинец

Напишете коментар