На 92 години почина Селма Бориќ – жената за која беше напишана истоимената песна изведувана од култната Jугословенска рок група “Бијело Дугме”. Веста ја сподели Жељко Бебек на својот Фејсбук профил.
Пред неколку години на телевизиско гостување Селма проговори за пријателството со авторот на стиховите, Владо Дијак кој исто така има напишано и книга која го носи насловот “Кажете ѝ на Селма”.
“Имав тогаш 16 години. Јас лежев со девојчињата на тревата, а Владо со момчињата лежеше отспротива. Ја скубеше тревата и постојано погледнуваше во мене. Изгледа дека веднаш се заинтересира за мене, а подоцна се сретнавме на корзото. Еднаш ме сретна со куфер, па ми го носеше куферот. Одевме кон станицата, па ми помогна да влезам во возот. Во тој воз имаше скршен прозорец, а тој тогаш ми рече: Селма не се наведнувај преку прозорецот.”
Владо ја молчи својата љубов. Во 1962 – ра година Селма дознава за напишаните стихови преку новинарска статија. Го посетува Владовиот гроб и признава дека и таа го сакала него. Потоа и самата објавува поетска збирка “Селма патува на факултет,” во која се наоѓа и поемата “Сеќавање на Владо”.
Селма стапува во контакт со Жељко Бебек и се запознаваат. Бебек во телевизиската емисија ѝ ја пее песната. Селма слуша и плаче.
Патувај Селма и од сите нас заблагодари му се на Владо за прекрасната песна.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.