Додека еден сиромав човек талкал по улиците, наишол на еден многу мудар човек. Сиромавиот застанал, целиот налутен, па го прашал мудриот човек:
– Може ли да ми кажеш зошто сум олку сиромашен?
Мудрецот одговори без размислување:
– Па, затоа што не си научил да даваш во животот!
Сиромашниот се зачудил, па веднаш му одговорил на мудрецот:
– Па, како можам да дадам нешто, кога немам ништо?
Мудариот човек возвратил:
– Секој човек, вклучително и ти, треба да даде неколку работи. Првото нешто е твоето лице, со кое секогаш некому можеш да му подариш насмевка. Другата работа е твојата уста, со која секогаш можеш да им дадеш збор на мудрост и утеха на другите. Третата работа е срцето, можеш да им го отвориш на другите. Исто така, имаш очи и можеш да набљудуваш добро. Имаш тело, што можеш да го користиш за да им помогнеш на другите.
Мудрецот продолжи со насмевка на лицето….
– Па, ти воопшто не си сиромашен. Кога духот на човекот е слаб, тогаш само може да каже дека е сиромашен.
Прочитајте ја приказната за мајсторот и завртката.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.