Еден стар брачен пар наскоро ја прославувал својата 50 годишнина. До тој момент меѓу партнерите немало тајни. Но имало едно нешто. Сопругата од својот маж побарала тој никогаш да не отвора една кутија за чевли која секогаш стоела на највисоката полица од нивниот орман.
Споругот ја послушал. Никогаш не отворил и не ѕирнал во мистериозната кутија. Но, еден ден, неговата сопруга се разболела и одлучила да му ја открие тајаната од кутијата на својот маж. Но пред тоа сакала да ја одведе во болница.
Кога се вратил дома, мажот ја зел кутијата и ја отворил. Внатре се наоѓале две плетени кукли и пари во вкупен износ од 95.000 долари.
– Ама зошто? Како? – во шок прашувал мажот.
– Пред да се венчаме, мојата баба ми раскажа една приказна. Потоа ми даде совет. Секогаш кога ќе се расправаме да не бидам лута и да не се расправам, туку да седнам и да сплетам една кукла. Тоа би требало да ме смири. – раскажала жената.
Мажот останал во шок. Во кутијата се наоѓале само две кукли. Тоа би требало да значи дека низ сите години заедничи живот, таа само два пати му се налутила. Цврсто ја прегрнал старицата, па ја прашал:
– Но од каде дојдоа тие пари во кутијата?
– Ох, да. Тие пари ги заработив продавајќи ги куклите. – смеејќи се му одговорила старицата.
Прочитајте ја кратката приказна за сопружниците што успеале да си го сочуваат бракот.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.