Skip to content

Сакрифација за љубов – Маид Чорбиќ

  • by

Еруптирани емоции естравагантно отвараат Врата

Тишина, лелек кој се превтора во класичен љубовен епитет

Оружје кое го носиме навистина само со јазикот на љубовта

Истргнато од болното минато, очекува Нови дни

Проаѓа на паметниот доволниот час (Сапиент Сат), четири до шест по Јулијански

Тогаш настанува Ново Поглавје; еклектичност!

Огнената стихија што смирува внатрешна сатисфакција

Проткаеност весела, на насмевка широко Богојавление повикува!

Поле кое изобилува покрај сиот несреќен позитивизам

Вреди нечиј труд да се вреднува во идиличен ритам

Заслужува како таква особа сè најубаво на светот

Другата половина; она што недостига – ѝ се дава на дланка

За љубовта  никогаш насилно не може да се трага

Таа се случува во најситните делчиња од спектарот

Животноста, прилика пришто една ситница насмев поврзува

На многу резонанции; духовност, подготвеност, еластичност

Енергичност, аматеризмот се простува; вреднувајќи го сталежот

Станува и те како постојан и жив!?

Сеизмолошката љубов се случува еднаш во стотици Лета

Кога сè ќе те повреди, насмев и понатаму ти нуди

Замисли да си поразен и тоа да му го покажеш на светот

За каков би те прогласиле, паметен можеби?

 

Не, тие ќе ти се смеат, луѓето желни за Крвав Божур

Крв црвена, декупажот од просторот отвара авангарда

Со распламтени емоции, се поврзуваме во еротизмот “купувачи“

Асинхроно со ревербализација ги индуцираме чувствата

Потврдувајќи со насмевките постојаност на вешта љубов

Декриптираме шифри смислени со нашиот говорен јазик

Јазикот на љубовта, проткаена состојба на умот!

Шаренило и разноликост красат срце, разумот молчи вешто

Чекајќи да отвори врата и покаже дали си грешка

Или пак не, бидејќи љубовта е самострел со две острици на Самурајот

Бидејќи најдобрата лекција и позитивна приказна за љубовта и те како е

Атракција која има почеток, но и среќен крај!

Маид Чорбиќ

Препев од српски: Наталија Наумовска

Напишете коментар