Кога жената плаче без причина
по образите ѝ течат спомени.
Да, спомени,
на тебе,
на ти што си ја повредил,
на ти што си ѝ го скршил срцецо,
на ти што си ѝ ја распарчил душата,
на ти, што не си можел да нејдеш
ниту една подобра причина
од онаа општо познатата
“Ќе си најдеш подобар”.
Кога жената плаче без причина
во главата ѝ зборуваат демони,
ѝ ги шепнуваат зборовите што си ги кажал,
но гадно си ја лажел
оти ниту ти била најубава,
ко што си ѝ велел,
ниту ти била најпосебна,
како што си ја опишувал.
Но ни твоја вина не е
што во неа не си успеал да најдеш
нешто што ќе те врзе за неа.
Вината е колку твоја, толку и нејзина.
Кога жената плаче без причина
не ја прашувај зошто плаче.
Ќе го слушнеш вообичаениот одговор
“Ете, така плачам. Остај ме! Тргни ми се!”
И тргни се.
Можеби не знае како поинаку да ти каже
да се тргнеш,
стварно да ја оставиш на мира
или никогаш да не заминеш,
за мир да нема.
Кога жената плаче без причина
се бори со демоните свои
оти не знае како да ти одолее
или не знае како да ти каже
дека навистина е крај засекогаш.
Кога жената плаче без причина
остави ја, нека плаче.
Ти и не треба да знаеш зошто,
нејзе и онака нема да ѝ помине.
А ако ѝ помине,
ако веќе не ѝ е грижа,
ако ѝ станало сеедно,
веќе никогаш нема да заплаче.
Барем не за тебе.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.