Таа го носи светот на душата,
ѕвездите на рамења,
на лицето секогаш ѝ стои насмевка и покрај целата таа тежина.
Чевли нема,
босите нозе бршлен ѝ ги обвиткува,
земјата штом има потреба неа ја повикува.
Мајка е на сите живи суштества,
кума на сите искажани пророштва,
вештерка ако е намрштена,
добра вила ако е смирена.
Таа го плаче дождот, а снегот ѝ е наметка,
грмежот е бакнеж помеѓу два облака,
дава секому кој што ќе посака.
Дава и одзема,
секому по заслуга,
некогаш е жена, а некогаш девојка,
секогаш со нов лик – непрепознатлива,
ако ви зачука на вратата со роза,
пуштете ја,
познато е дека поради ароганција претвора принцеви во чудовишта.
Таа го носи светот на душата,
ѕвездите на рамења,
на лицето секогаш ѝ стои насмевка и покрај целата таа тежина.
Бестрашна,
те ја има,
те е невидлива,
кај многу со друго име позната,
кај нас – мајка природа.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.