Луѓето нема да ви љубоморат на пари, материјално богатство, општествен статус, ниту на физичка убавина колку што ќе бидат завидливи и жедни да ја испијат вашата енергијата што ја носите во себе.
Еден човек може да биде сосема скромно облечен, со обичен физикус и со ненаметлива појава, кога ќе се појави во толпата едноставно го привлекува вниманието, се чувствува неговото присуство колку и да глуми невидлив. Имаат магнетизам што ја менува брановата должина на негативата од страна. Луѓе кои ја впиваат негативата на своја кожа. Сочувствуваат со секој но се исцрпуваат до крајност.
Тоа не е дарба, тоа е баш проклетство во денешно време. Може да ги викате чудаци или како било. Но тие се само емпати. Без да изустиш збор тие веќе знаат какви мисли ти минуваат во главата, ја чувствуваат и твојата болка и твојата намера. Може да биде исклучително исцрпувачки зошто жедните ќе се обидат на сите можни начини да навлезат во твоето енергетско поле, да си земат колку што им треба, понекогаш и повеќе…Сè додека не научиш да поставиш граница.
Ако се пронаоѓаш до групата на исклучителни емпати веројатно знаеш колку тешко може да биде секојдневието да воспоставиш рамнотежа и да ја неутрализираш сета негатива што доаѓа од спротива. Постави штит и граница пред сè. Заштити го твоето поле на начин што ќе ги одбиваш брановите од страна без да бидеш сунѓер за впивање на нечистотијата на светот.
Здружи ја твојата енергија со луѓе слични на тебе, луѓе кои те надополнуваат, луѓе каде твојата светлина ќе се рефлектира од нивните ширум отворени срца.
Софи Идовино