46 цитати од Артур Шопенхауер кои се полни со животни мудрости

Артур Шопенхауер (22 февруари 1788 – 21 септември 1860) бил германски филозоф, писател и учител. Тој бил син на писателката Јохана Шопенхауер и брат на писателката Адела Шопенхауер. Шопенхауер се занимавал со етика, метафизика и естетика. Прочитајте ги неговите мисли во продолжение.

1. „Здравјето ги надминува сите можни добра, така познато е дека здравиот просјак е посреќен од болниот крал.“

2. „Верата е како љубовта: таа не се наметнува.“

3. „Постојат малку нешта кои луѓето повеќе ќе ги одобрат отколку кога ќе им раскажете голема несреќа која неодамна ви се случила.“

4. „Богатството е налик морска вода: колку повеќе пиеме толку сме пожедни.“

5. „Објективно гледано, честа е мислењето на другите за нас, а субјективно, честа е нашиот страв од тоа мислење.“

6. „Докторот го гледа човекот во неговата слабост, адвокатот во неговото злосторство, а свештеникот во неговата глупост.“

7. „Љубомората секогаш се раѓа од љубов, но не умира секогаш со неа.“

8. „Луѓето сакаат да се во друштво поради нивната внатрешна празнина и досада. Ако почувствуваат дека ни се потребни, тие стануваат нервозни и арогантни.“

9. „Човекот кој е на повисоко интелектуално ниво од дргуите, самотијата му дава двојна корист: првата дека е сам и втората, дека не е со другите.“

10. „За да ја признаете туѓата вредност треба да имате сопствена.“

11. „Оној кој е паметен тој во разговорот помалку ќе мисли на она што го зборува, а повеќе на оној со којшто разговара. Ако прави така, може да биде уверен дека нема да каже нешто поради кое подоцна многу би се каел.“

12. „Луѓето колку и да се цврсто поврзани со пријателството, љубовта или бракот, секогаш на крајот мислат само на себе и можеби уште на своето дете.“

13. „Нас најнепосердно нè усреќува ведрината на умот. Оваа особина самата по себе е награда. Затоа развивањето ведрина во себе вреди да се стави над сите тежненија!“

14. „Судбината ги меша картите, а ние играме.“

15. „Ако човештвото отсекогаш било разумно, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.“

16. „Дивјаците взаемно се проголтуваат, а питмоте взаемно се залажуваат.“

17. „Будалата трча по животните задоволства и сфаќа дека е излажана. Мудрецот ги избегнува неволјите.“

18. „Верувањето и знаењето едно кон друго се однесуваат како птиците на вага: колку се спушта едната, толку се подига другата.“

19. „Човекот полн со дух и во целосна самотија извонредно се забавува со сопсвтените мисли.“

20. „Да се стапи во брак значи своите права да се преполоват, а обврските да се дуплираат.“

21. „Тој е многу недруштвен, во превод: Тој е човек со големи способности.“

22. „На младите главен предмет на учење мора да им биде оној со кој ќе научат да ја поднесуваат самотијата: таа е извор на среќа и душевен мир.“

23. „Оној кој е сечиј пријател не е ничиј пријател.“

24. „Друштвеноста спаѓа во најопасната, можеби дури и убиствена склоност бидејќи нè доведува во допир со луѓето од кои повеќето се морално лоши, а интелектуално тапи или изопачени.“

25. „Да се бара од некој да запомни сè што некогаш прочитал би било исто што и да се бара да го носи во себе сè она што некогаш го изел. Од ова живеел телесно, а од другото душевно и така станал она што е.“

26. „Оној кој е суров кон животните не може да биде добар човек.“

27. „Изворот на нашата среќа е во субјективните особини: благородниот карактер, претприемничкиот дух, среќниот темперамент, ведриот ум и здравото тело.“

28. „Дуеме балони од сапуница колку подолго можеме за балоните да бидат поголеми, иако добро знаеме дека ќе се пукнат.“

29. „Како што љубовта кон животот всушност е само страв од смртта така и друштвеноста на луѓето всушност не е директна. Таа не се темели на љубовта кон друштвото туку на стравот од осаменоста.“

30. „Најсигурниот начин за да не станеш многу несреќен е оној кога не бараш да бидеш премногу среќен.“

31. „Зошто обичните луѓе се толку друштвени и прилагодливи? Бидејќи полесно ги поднесуваат другите отколку самите себе.“

32. „Во светот главно царува злото, а главниот збор го има глупоста.“

33. „Разумот може да го замени речиси секој вид образование, но образованието не може да го замени разумот.“

34. „Оној кој сака да му поверуваат на зборовите, нека ги каже ладно и без страст.“

35. „Здравјето не е сè, но без здравјето сè е ништо.“

36. „Ретко се наоѓа она што е вистинско, а уште поретко се цени.“

37. „Луѓето илјада пати повеќе се трудат да стекнат материјално отколку духовно богатство, иако сосема е сигурно дека нашата среќа го создава она што сме, а не она што имаме.“

38. „Да се прости и да се заборави значи дека преку прозор ги фрламе стекнатите скапоцени искуства.“

39. „Талентот ја поѓала метата која никој друг не може да ја погоди. Генијот ја погаѓа метата која никој друг не може да ја види.“

40. „Да се спои учтивоста со гордоста е вистинско мајсторство.“

41. „Слободното време на повеќето луѓе е исполнето или со сетилни уживања и лудории или со досада и глупости.“

42. „На пријателите полесно им ги простуваме грешки кои нас не нè погаѓаат.“

43. „Во самотијата бедникот ја чувствува целата своја беда, големиот дух целата своја големина.“

44. „Она што го знаеме има двојна вредност ако воедно признаеме дека постои она што не го знаеме.“

45. „Во секој случај подобро е претпализвоста да се покаже со она што ќе се премолчи отколку со она што ќе се каже.“

46. „Во староста човекот подобро се чува од несреќа, а во младоста подобро ја поднесува.“

Прочитајте ги и следниве мисли за пролетта која е на самиот праг.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?