Кој пее на бреговите на хартијата?
Поднавенат, со гради над реката
од слики, се гледам себеси бавен и осамен
од себеси самиот како се оддалечувам: букви совршени,
соѕведие од знаци, резови
во плотта на времето, ох ракопису
црто во водата!
Одам низ сплотено
зеленило, одам низ проѕироности,
река што се лизга и не истечува;
се оддалечувам од себеси, застанувам
не запирајќи на брегот и продолжувам,
низ реката, меѓу лакови од сплетени
слики, река замислена.
Продолжувам, таму се чекам, си одам во пресрет на себеси,
река среќна што спојува и разделува
еден сончев миг меѓу две тополи,
во личниот камен се забавува,
се ослободува од самата себе и продолжува,
прудолу низ реката, во пресрет на себеси.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.