Си го замислувам
како спој на два света,
да спојува, не да раздвојува,
како нишка невидлива.
Да го изградиме
со љубов и од љубов,
сонце да зрачи,
да нема солзи и тага.
Сиот свет збран на едно место,
таму да навраќаме често,
и да го чуваме за искрени средби,
злото да не го сруши.
Мостот на љубовта,
ќе го насликам
со мојата детска рака,
но цврст да биде во срцата наши.
Со верба во разумот
и добра мисла,
да ја чуваме надежта
во човекољубието.
Ивана Јованов