Еден од најпопуларните брендови на сите времиња, Converse All Star, има богата историја долга нешто повеќе од еден век. Заштитен знак на многу супкултури, обележје на различни трендови. Старките се став, прилагодливи се и нивната популарност останува вонвременска.
Приказната за овие патики датира од 1908 година, кога Маркис Мирс почнал да произведува чевли, кои, за разлика од остантите чевли во тоа време, содржеле голем процент гума. На тој начин е создадена компанијата Converse Rubber Shoe. Converse All Star заживеала во 1917 година.
Тогаш направени се патики со прилично едноставен дизајн од платно и гума, онакви какви што до ден денес ги знаеме.
Конверс и кошарката
Тогаш кога патиките не се носеле секој ден, туку исклучиво биле наменети за спортистите, All Star настанала како компанија која се специјализирала во производството на спортски обувки наменети за кошаркарите. Удобноста и функционалноста на новонастанатите едноставни патики биле она што ја довело оваа фабрика до масовно производство на патики за кошаркарите.
Во почетокот, продажбата била солидна, но не нешто особено голема. Тоа драстично ќе се смени во 1921 година, кога Чарлс Х. Тејлор, познат како Чак Тејлор, ќе им понуди на Converse тим за продажба.
Покрај тоа што играл кошарка за клубот Akron Firestones, Чак Тејлор патувал ширум Америка. Држел школи за кошарка за средношколци. На тој начин, не само што им го претставувал и ги учел младите на овој спорт, тој го промовирал и рекламирал новиот тип на патики.
Може да кажеме дека старките и кошарката истовремено се развивале и добивале на популарност. Во истиот период, старки веќе носеле сите популарни кошаркари, со што Converse патиките станале синоним за кошарка.
Заради доприносот што го дал Чак Тејлор, All Star во 1932 година направиле не толку значајна, но клучна промена на својот класичен дизајн на патиките. Го додале неговото име на внатрешната етикета на патиките. Со тоа се раѓаат Chuck Taylor All Star.
Следејќи важни датуми, во 1937 година Чак Тејлор дизајнирал бели, длабоки старки со сини и црвени елементи од американското знаме. Во овие патики настапил кошаркарскиот тим на САД на Олимписките игри.
Овој модел на старки станал симбол на патриотизмот во САД за време на Втората светска војна. Самиот Чак Тејлор им давал морална поддршка на американските воени трупи, правејќи го она што најдобро го знаел. Ги учел да играат кошарка.
Старките станале must have парче за сите средношколци и студенти кои кошарката ја сфаќале озбилно.
Старките во шеесетите
Доминацијата на старките продолжила и во шеесетите години на минатиот век. Converse се наоѓал на самиот врв на американскиот пазар, држејќи 90% од вкупното производство на спортски обувки.
Нешто покасно, во 1968 година, Чак Тејлор бил именуван за амбасадор на кошарката и добил почесно место во Hall Of Flame. И понатаму останал неофицијален, но не и помалку важен амбасадор на старките. Наредната година починал, а после тоа Converse се соочува со новите конкуренти и полека ја губи својата доминација.
Што е она што ги прави овие патики култни?
Покрај тоа што ги носеле многу популарни личности како Елвис Присли, Џорџ Харисон, Курт Кобејан, старките се појавиле 648 пати на филмското платно. Еден од првите филмови каде што старките се присутни е Брилијантин (The Grеаse).
Богатата историја на брендот, неговото значење во различни супкултури, вонвременската популарност меѓу познатите личности, крајно едноставниот дизајн, специфичната индивидуалност. Сите овие атрибути се она што ги прави овие старки култни.
Се чини дека со својот универзален, но сепак едноставен и богат идентитет, старките ќе живеат вечно.
Прочитајте од каде ни е идејата да ја следиме модата и кој прв почнал!
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.