Темјанот е еден од најстарите мириси – тој е ароматична смола која се добива од дрвото Boswellia кое расте во делови од Азија и Африка. Со него се тргувало уште пред 5000 години на Арабискиот полуостров и во северна Африка каде што бил вреден колку злато.
Патот на темјанот кој води од јужна Арабија до Средоземјето е еден од најстарите трговски патишта на светот. Поради своите својства во Египет е користен за балсамирање на мумиите. Темјанот одамна се користи во обредите на римокатоличката и православната црква поради верувањето дека ги брка злите духови. Покрај ароматерапијата, козметиката, масажата и религиските обреди тој има примена и во лекување. Легендата вели дека кога Исус бил дете добил темјан како поклон и затоа овој дар не смее да се одбива.
Лековитоста на темјанот
Во ајурведската медицина Индискиот темјан (boswellia serrata) се користи веќе илјадници години за лечење артритист, лекување рани, јакнење на женскиот хормонален состав и заштита од патогените микроорганизми.
Според ајурведата секојдневното кадење темјан во домот донесува добро здравје на сите кои живеат во домот. Темјанот одамна се користи на Блискиот исток за одржување здравје на усната шуплина. Тамошните луѓе имаат обичај да џвакаат смола од темјан која го подобрува здравјето на забите. Поради своите антимикробни својства темјанот спречува инфекции.
На Запад темјанот најпознат е по својот антивоспалителна својства
Активните лековити состојки на темјанот се сесквитерпените јаглеводороди, монотерпени, дитерпени и босвелиска киселина. Босвелиската киселина е најважна состојка на темјанот. Има силно антивоспалитено дејство и значително ја ублажува болката предизвикана од артритист, но за разлика од конвенционалните лекови не предизвикува нуспојави.
Темјанот ја подобрува циркулацијата и протокот на крв низ жилите оштетени од воспалување што дополнително им помага на зглобовите кои се зафатени со артритис. Неговото моќно антивоспалитено дејствување помага и кај Кроновата болест и цистите. Некои истражувања покажале дека тој помага и во лекување неколку видови карцином – малигни меланоми, карцином на мочен меуч и тумор на мозокот.
Потврдено е дека екстрактот од темјан, темјановиот ацетат ги смалува невролошките оштетувања, ја намалува депресијата и напнатоста, спречува болести на крвните садови и го смалува лошиот холестерол. Во ароматерапијата темјанот се користи за ослободување од стрес, напнатост, хистерија и депресија.
Масажата и купката со маслото од темјан многу помагаат и кај менструалните болки и воспаленија на мочниот меур. Терапијата со маслото од темјан позитивно влијае на дишниот состав и го олеснува бронхитисот, астмата, синуситисот, честите настинкии и алергии.
Се капнуваат на рака неколку капки масло и се вдишуваат неколкупати дневно или се инхалира тинктура од темјан (1 лажичка на литро врела вода).
Занимливости околу употребата на темјанот
Со употребата на темјан илјадници години не се забележани некои значајни нуспојави.
Се смета дека темјанот може да го спречи рчењето – за оваа цел потребно е маслото од темјан да се намачка на вратот, прстите и подрачјето околу носот. Оваа билка е исклучтелна и за нега на кожата – помага кај акните, лузните, стриите, брчките и раните.
Поновите токсиколошки истражувања потврдиле дека екстрактите од темјан се сигурни како за надворешна така и за внатрешна примена. Не го употребувајте темјанот ако пиете лекови за разредување на крвта, ако имате висок крвен притисок, ако сте бремени или доите. Маслото од темјан не смее да се користи често, потребно е да се раствори во базно масло или вода.
Напомена: Доколку имате некое заболување споменато во текстот пред да преземете активност за лекување со темјан консултирајте се со вашиот лекар. Без претходна консултација со стручно лице не користете ништо на своја рака. Оваа е информативна статија, не е здравствена препорака од доктор.
Прочитајте и за легендата за настанокот на виното и фактите за него.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.