Едно од најстарите прашања е „Како да се живее со свеста за минливоста?“. Знаеме дека времето што поминува не се враќа назад. Со текот на годините учиме да живееме и со сопствената минливост. Бидејќи и самите ние се раѓаме со ограничен период за живеење на оваа планета. Никој од нас нема да живее вечно, затоа многу е важно да сме свесни дека времето на сите ни е ограничено во одредена мера. Од време на време, човекот станува свесен за немилосрдното минување на времето и приближување кон неговата неизбежна смрт. Минливоста на времето е главниот аспект на човечката несреќа со себе носи возбуда и страв и убавина и тага. Добро или лошо, еднаш сè ќе заврши.
Мигел Унамуно од трагична гледна точка зборува за оваа карактеристика на животот: „Една вечер ми падна на ум еден од оние мрачни, тажни и жалосни соништа кој не можам да го извадам од мислите. Сонував дека сум оженет, дека имавме дете, дека тоа дете починало и дека над неговото тело ѝ зборував на сопругата: Издржи, љубов! Наскоро ќе изгние – така завршува сè“.
Немоќност пред законите на природата
Човекот е немоќен пред законите на природата и кога ќе се сети на тоа, добива доза на скромност. Намерата поддржана со вера носи во себе моќ, но човечката моќ е секогаш ограничена од надворешни и внатрешни пречки, а борбата против нив му дава смисла на животот. Колку и да е ограничен, човекот често прави грешки. Неговата навика потоа да очајува над нив е проблематична. Во „Така говореше Заратустра“, Ниче со следниве зборови ги долови ограничувањата на нашата волја: „Волјата ослободува; но што е тоа што го става дури и ослободителот во окови? Тоа беше: ова е доброволно чкрипење со заби. Немоќна пред стореното – таа е лут набљудувач на сè што е во минатото. Наназад волјата не може да сака. Она што не може да влијае врз времето и на неговото владеење е причинител на најголема тага “.
Овој услов кај човекот може да предизвика чувства на страв, бидејќи постојаниот тек на времето подразбира неповратност, промаршени шанси, неизвесност. Покрај тоа што не дозволува промена на стореното, времето може да го одземе она за што е поврзан човекот, љубов или навика. Додека со едниот дел ужива во вознемиреност и отворени можности, другиот дел се стреми кон безбедност и мир. Ако некое лице се гледа себеси како готов и постојан производ, а не како суштество во непрекинато постоење, ќе му биде потешко да се помири со одредени постапки, бидејќи не разбира дека сè се одвивало на единствениот начин на кој можело да се одвива.
Силата на човекот лежи во неговото прилагодување кон секоја неминовност, а она што веќе се случило секако е неминовност. Виктор Франкл во „Човековата потрага за смисла“, вели: „Човек може да биде лишен од сè, освен од една работа – основната човекова слобода да го избере свој став во сите околности, да го прифати сопствениот пат“. Ова стоичко прифаќање на судбината на постоењето му дава нов квалитет. Емил Чоран тоа го опишал фантастично со зборовите: „Страдај, тогаш пиј задоволство до последната капка, плачи или смеј се, врескај во очај или од среќа, пеј за смртта или љубовта, бидејќи ништо нема да трае вечно“.
Прочитајте ја и индијанската легенда за двата волка.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.