Книгата првенец на Магдалена Јованова „Живот или нешто слично“ е роман во два дела. Приказна за едно дете што се разликува од децата на својата генерација. Живее со детските маки и копнежот за подобро утро да биде со своите најсакани. Животот ќе му донесе рана зрелост. Приказна што ја отвара внатрешноста на детското срце, душа и размисла кога се руши гнездото, а родителската грижа е само себичност.
Во романот е и приказната за млада девојка во која се раскажани и се чувствуваат разочараноста, дилемата за одлука, лутината, бесот кога ќе се случи непосакуван момент. Светлина се чувствува кога нова неочекувана радост ќе донесе нов тек на нејзиниот живот. Овој роман што се чита во еден здив, дава слика за животот на едно дете и млада девојка кога страдаат не по своја вина, емоциите, солзите, страдалните мигови нема да го остави ниту еден читател рамнодушен.
Дава блиска слика на секој што ќе го прочита за животот без розови очила, можеме да научиме нешто повеќе за она – Што вистински се случува зад затворените врати?
Марија Симоноска
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.