Сега уште еднаш да си ја отворам книгата,
Ги подавам рацете, ми треперат од љубовта кон неа,
Си стои на масичката, со крвава историја запишана
ништо не зборува…
Меѓу странците ја красат цветови од питома цреша,
крвта ја собрале…
Ко во некој ковчег, сите души ги прибрале,
А таа завиткана со кора на јаболкница
Им ја чува срцевината…душата….
Шушкаат листовите, немаат ни бројка ни име
Не знам на кој да ја подарам книгата…
Никој не го привлекува корицата..
Првата страна е бледа, нема никаква боја,
Избледела од живот стопати изживеан,
несреќата и се повторува…
Зошто никој не ја сака!?
со секое нејзино затворање, почнува раскошна гозба.
Ме седнува писателот на убава маса, чекам за автограм,
Тој се смее…
ми подарува една крвава јапонска цреша
секоја година во исто време крвари, без автограм…
Николина Ќорвезироска