Skip to content

Опстанок

Како диво цвеќе кое се бори да пушти корени

во нетипична средина за него,

како човек кој бара последна сламка за спас

кога на безизлезот му погледнува во очи,

како птица преселница што напушта краишта за да преживее

како последна капка вода во пустина

која номадот ја чува за кога ќе ожедне најмногу,

како ендемско животно кое се бори

да го продолжи својот вид,

како човек на смртна постела

кој на смртта ѝ краде минути

сите се бориме за опстанок,

впуштени во матица од чијашто река

лесно можеме да се удавиме.

Пливајќи со сета сила

мускулно и ментално напрегнати

се движиме кон морското крајбрежје

што го означува мирот, спасението

и крајот на бурата

обезбедувајќи го нашиот ОПСТАНОК.

Напишете коментар