Празнини – Лина Димоска
Во сечие срце постои празнина.
 Празнина која никогаш нема да биде пополнета.
 А ние продолжуваме.
 Или чекаме.
 Чекаме да се случи нешто.
 Да се појави некој кој таа празнина ќе ја пополни.
Дури и во најубавите мигови
 и во најсреќните моменти
 празнината тука е.
 Тогаш дури повеќе боли.
 Тогаш малку повеќе стега.
 Оти го нема оној кој ни оставил празнина.
 Го нема за да нè види најсреќни.
А ние само чекаме.
 Чекаме таа празнина да се пополни.
 Иако длабоко во себе знаеме
 дека тоа никогаш нема да се случи.
 Оти некои празнини никој и со ништо не се пополнуваат.
 Секогаш ќе ги имаме в срце.
Колку е поголема празнината,
 толку поголем бил човекот што си заминал.
 А ние чекаме…
 Иако знаеме дека нема да го сретнеме веќе никогаш…
 Само чекаме…

Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.

