Раствори го небото со букет од цвеќе….
Белите тебе, жолтите мене за среќа
Раствори ја водата, направија жива
Солената тебе, питката мене да ми ја згасне страста дива..
Се изморив од вистината
И неа раствори ја….умножија
Или закопај ја во темнината,
Силно нека тропа, што ќе ми е кога овој свет
лажовен е….
Раствори ме мене да ти навлезам во секоја пора
Белки ќе бидам дел од вистината твоја….
Николина Ќорвезироска