Од далеку се слуша нејзиниот глас како црцори секој час.
Високо качена на дрвото горе го поминува времето свое.
Кога сонцето ќе изгрее не буди секое утро.
Со нејзините песни ни посакува добро утро.
Лета со крилјата широко отворени на небото горе,
гледајќи ја од високо земјата доле.
Слетува на тревата доле, барајќи парче леб.
Додека инсектите ги лови брзо во лет.
Лета слободно да види ливади и низини секој ден.
Ја сака природата и ужива во неа секој можен момент.
Од опасни животни вешто се крие и бега.
Има слободата со која лета и ја сака земјата како своја.
Дијана Келтаневска