Пред многу години една учителка ги замолила учениците од нејзиниот клас да напишат состав на тема „вистинска големина“. Меѓу учениците имал едно девојче од сиромашно и необразовано семејство. Учителката од нејзе не очекувала некој извонреден состав. Меѓутоа, она што девојчето го напишало толку длабоко влијаело на нејзе што одлучила тој напис да го испрати во весниците. Составот предизвикал невообичаен интерес. Новините од цела земја го пренесувле тоа што го напишало девојчето. Нејзиното име луѓето го заборавиле, никој повеќе не го помни, но она што го напишала сѐ уште звучи вистинито. Еве еден извадок:
„Човек не може да ја достигне вистинската големина ако се мачи за неа. Можете да ја стекнете кога не ја барате. Убаво е да се има убава облека. Таа многу олеснува пристојно да изгледаме, но знакот на вистинската големина во вашиот живот ќе се покаже тогаш кога така изгледате иако облеката не е толку добра колку што би требало да биде. Родителите на мојата мајка уште додека била девојче, имале една птица која ја нарекувале Бил. Еден ден птицата ја скршила ногата. Мислеле дека треба да ја убијат, но следното утро ја нашле како пее потпрена на својата неповредена нога. Тоа е вистинска големина. Една жена ја испрала облеката во која имало многу големи парчиња и ги обесила на јаже. Јажето се скинало и облеката паднала и се ипрашила, но таа не изговорила ниту еден збор.
Повторно сѐ испрала, но овојпат облеката ја распослала по целата трева за да не може да ѝ падне. Таа ноќ некое куче со валкани нозе претрчало преку облеката. Кога видела што се случило, таа седнала и рекла: „Зарем не е смешно што ништо не заобиколил?“ Тоа е вистинска големина, но само оние кои переле толку големи алишта можат да ја препознаат“.
Прочитајте ја и приказната за една снаа и свекрва.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.