Сите знаеме колку еуфорија се крева околу спектакуларниот музички настан – Евросонг или Евровизија. Секоја година, во мај, пред ТВ екраните, со нетрпение ги очекуваме спектакуларните настапи со кои се претставуваат земјите учеснички. Нечии настапи се незаборавни поради убавата песна, сценски настап или кореографија. Гласот на некој учесник нè остава без здив. Но мора да признаеме дека има такви настапи кои би било подобро никогаш да не се случат.
Нашиот овогодишен претставник Васил Гарванлиев за жал не успеа да се пласира во финале. Токму во очи на оваа евровизиска вечер, ние сакаме да ве потсетиме на неколку незаборавни евровизиски хитови од поновата евровизиска историја.
1. Athena – For real
Претставниците на Турција, во 2004 година го освоија четвртото место, со освоени 195 поени. Песната стана голем хит. Сите сте ја слушнале и сте уживале во прекрасниот ритам и одличните стихови. Оваа песна е една од оние евровизиски песни кои ќе живее уште долго, долго време.
2. Lordi – Hard Rock Hallelujah
Чудовиштата од Финска во 2006 година ја освоија Европа со својата енергија, со костимографијата, со сценографијата. Сè во врска со оваа песна е незаборавно и неповторливо. Победниците од 2006 година се дефинитивно ненадминати до денес.
3. Sertab Erener – Everyway that I can
Прекрасната турчинка, во 2003 година ѝ ја однесе победата на Турција со освоени 167 поени. Песната стана хит. Актуелна е до денес.
4. Verka Serduchka – Dancing Lasha Tumbai
Во 2007 претставникот на Украина дефинитивно беше незаборавен. Мажот облечен како жена, Верка Сердучка, ја плени публиката со неговата енегија. Комичен, енергичен и неповторлив. На Украина ѝ донесе одличен пласман и заврши на второ место. Сетете се само колку лудо сте танцувале на оваа песна.
5. Ruslana – Wild Dancers
Дивите танчери, предводени од моќниот глас на Руслана, ја освоија Европа во 2004 година. Уште едни незаборавни победници. Руслана може да ја ставиме рамо до рамо со Lordi. Сигурно барем еднаш сте пробале да спремите ист балет како од овој евровизиски настап.
Прочитајте повеќе за нашиот овогодишен претставник.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.