Дождот врне…
капе на крововите од куќите, се лизга на лимовите,
се спушта по олуците и паѓа на земјата.
Капките дожд се лизгаат и на прозорците.
Шахтите се затнати.
Улиците се преполни со вода
која ни цистерна не може да ја собере.
Надвор е студено – прстите ми се смрзнати.
Го чуствувам студот, ми минува низ рацете и нозете.
Ниту шал, капа и ракавици не ме топлат.
Ветрот ја покажа својата моќ.
Силно дува во правец десно,
кршејќи гранки од дрвјата лесно.
Распослани дрвјата на улиците лежат.
На ова невреме чадор не ме спасува.
Ветрот силно дува и ја носи мојата долга коса.
Дождот врне и паѓа на моето лице.
Јас чекорам со старите чизми на асфалтираната патека
кои од дупките на ѓонот пропуштаат вода.
Веќе се навикнав.
Покрај се јас летам..
Летам од радост, среќа, љубов.
Ништо не може да ме спречи…
Ниту дождот, ниту студот, ниту ветрот.
Не летаат само птиците – летаат и луѓето.