Додека на баба ми ѝ го отстрануваа очното перде за да може да биде во тек со сè што се случува на нашата улица, една жена скрши шише со албански коњак и цела болница замириса на мало село во северна Франција, познато по тоа што за време на прохибицијата во Америка, сите жители, од деца до метузалеми, криумчареле армањак за потребите на њујоршките ноќни клубови. Откако ги собра срчите од плочките, таа седна, ги затвори очите, и со преубав глас почна да пее една стара гусарска љубовна песна на француски. Сите занемевме од леснотијата и страста со која таа пустечка жена ја пееше песната за еден стар пијаница кој се вљубил во својата болничарка, додека коњакот испаруваше, а бактериите од болничките плочки тонеа во севдах.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.