Ако си ти кобила од килибар
јас сум патот на крвта
Ако си ти првата виулица снежна
јас сум тој што огништето на зората го пали
Ако си ти кулата на ноќта
јас сум брут усвитен на твоето чело
Ако си ти утринска плима
јас сум крикот на првата птица
Ако си ти кошница со портокали
јас сум ножот на сонцето
Ако си ти жртвеник од камен
јас сум богохулната рака
Ако си ти земја полегната
јас сум зелената трска
Ако си ти налетување на ветерот
јас сум запретаниот оган
Ако си ти уста на водата
јас сум водата на мовта
Ако си ти шума од облаци
јас сум секирата што ги расцепува
Ако си ти осквернет град
јас сум дождот на посветувањето
Ако си ти планина жолта
јас сум црвените раце на лишајот
Ако си ти сонцето што се крева
јас сум патот на крвта.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.