Во една земја во која имало војна, владеел страшен и суров крал. Со воените заробеници постапувал на следниов начин. Ги затворал во една голема просторија во која на едната страна имала чета стрелци, а на другата врата покриена со пајажина од мртви и искрвавени затвореници.
Ги поставувал затворениците во круг и им се обраќал: „Можете да одбирате: ќе умрете избодени со стрела од моите војници или ќе поминете низ оваа врата и таму ќе останете засекогаш затворени“. Секогаш сите одбирале да умрат со стрелање. Кога војната завршила еден војник кој долго му служел на кралот го прашал својот владетел: „Што има зад оваа страшна врата?“
„Отвори и погледни!“, одговорил кралот. Војникот собрал храброст. Со тешка мака ја отворил вратата, а тогаш таа светнала со сончев зрак и му ги заблистала очите. Кога успеал да ја отвори целиот изненаден се уверил дека вратата водела во СЛОБОДАТА!!! Војникот неверујваќи, го погледнал кралот и рекол: „Секогаш на заробениците сте им оставале можност за избор, но тие повеќе сакале да умрат отколку да ризикуваат и да ја отворат оваа врата!“.
Колку пати луѓето се плашат да ризикуваат? Што може да се научи од оваа кратка приказна? Дека во некои моменти ризикот единствено води кон слобода или кон единствениот спас. Некогаш ризикувајќи не само што нема што да изгубиш туку и можеш да си го зачуваш животот.
Прочитајте ја и следнава кратка приказна „Звукот на паднатата паричка“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.