Сѐ почна со мислата за моето забало. Замислував убави заби. Не мислев дека тоа ќе ми биде тешко. Не знаев како изгледа тоа. Убави заби си велев и убава насмевка. Ама нешто се преврте, не излегуваше сѐ по планот. Една година посветена на моите заби. Она што го правев цел живот беше моја цел, радост.
А грешка е што заборавив да живеам за себе, што се затворив во некој агол. Или наидував на погрешни личности. Гледав дека трудот мој ме правеше среќна и тогаш кога немав сила. Или можеби јас во себе се гледав таква, а однадвор изгледав арогантна. Не, не е тоа. Како немирен часовник станав, брзав, сѐ да биде така токму, стокмено. Дисциплината беше моја наука.
Заборавив дека организмот се трошел, дел по дел сѐ до моментот на сопствената немоќ. Ама немав избор или сила. Ги подарив на моето опкружување. Го сакам секој збор напишан, пишувањето како најдобар пријател. Научив дека треба да молчиш, ако зборниш секогаш си крив. Научив да бидам виновна и кога не сум. Мирисот на пишувањето ме опиваше. Пишувам, постојам!
Менче Кадинец