Тој е првата личност на која помислувате кога ќе се разбудите и последен на кој помислувате пред спиење. Полни сте со идеали и очекувања за тоа како да се развива вашата врска и како љубовта да стане посилна. Давате сè од себе затоа што се убедени дека љубовта на крај победува.
Но како што времето минува сфаќате дека соништата не се остваруваат. Не го добивате она што го очекувавте и вашата љубов не е доволна. Размислувате дека овојпат партнерот треба да почувствува колку го сакате и дека треба да ви возврати со иста мерка. Но тоа не се случува и никогаш нема да се случи. Затоа што овде не станува збор за љубов што се дава и што се прима, туку за неисполнување на нашите замисли и соништа.
Ако имате среќа, ќе се случи нешто што ќе ве погоди в глава и в срце, па ќе започнете да ја гледате вистината. Ќе се помирите дека вашата болка не е реална и дека динамиката на односот во врската полека ве освестува и вам.
Но што е со големиот копнеж?
Тој силен копнеж кој го носиме во нас и за кој мислиме дека е голема љубов е всушност копнеж кон нас самите. Кон оној дел од нас кој сме го оставиле некаде затоа што соочувањето со него би ни било премногу болно. Целата болка од неисполнување на очекувањата е всушност стара болка што испливува на површина кога-тогаш. И ова еден вид подарок. Иако е лошо завиткан, сепак е еден огромен подарок од таа личност.
Партнерот кој не е подготвен да ни ја возврати љубовта во онаква форма во каква што очекуваме е исто така човек кој не сака да се соочи со својата болка. Ако некој успеал да нè доведе до точка на свесност за своите постапки и повреди, треба да му бидеме благодарни и да му возвратиме со иста мерка. Да му дозволиме да си го најде својот пат и својата независност. Да му дозволиме сам да се бори против своите демони.
Тоа е пресвртна точка во која се случува трансформацијата. Конечно сме подготвени да ги отфрлиме илузиите од детството, да преземеме одговорност за сопствениот живот и да ги подигнеме нашите стандарди на повисоко ниво. Ставете се на прво место. Ставете се себеси во центарот. Сè што ви треба вам сте само вие самите. Само тогаш кога ќе го научиме ова сме подготвени за љубовта што ја очекуваме.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.