Ширна е небесата,
ечат низ неа гласовите на децата одамна пораснати,
мирисаат цветовите од нивните солзи навадени.
Задлабени во книги низ градината се две глави проседени,
в гради им чукаат срца силни – повредени.
“Мислиш ли дека ќе помине некогаш?” прашува жената низ шумолењето на книгата.
“Ќе помине”, вели мажот. “Тогаш кога душата ќе ја премине границата прва,
таму некаде во бакнежот помеѓу животот и смртта.”
“Ќе помине”, повторува жената,
“Тогаш кога душата ќе пукне,
тогаш кога ќе мора да се умре.”
Ширна е небесата,
вечна ко градина,
ечат низ неа гласовите на децата одамна пораснати,
ги чуваат цветовите на животот згаснат – расцутени.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.