Цитати за благодарноста кажани од различни луѓе низ историјата. Да се биде благодарен не е наивност туку гледање подалеку од своето его. Прочитајте ги најубавите цитати за благодарноста собрани на едно место. И не заборавајте да бидете благодарни секој ден!
1. „Благодарноста може обичниот ден да го претвори во празник, рутинската работа во радост и да ги промени ограничените можности во благослов“ – Вилијам Артур В.
2. „Најнапред да му се заблагодариме на Бог.“ – Отец Соланус Кејси
3. „Да се сеќаваме на минатото со благодарност, да ја живееме сегашноста со ентузијазам, да ѝ се радуваме на иднината со доверба.“ – Св. Иван П. II.
4. „Благодарноста гледа во минатото, ја сака сегашноста и ги отстранува стравот, алчноста, копнежот и амбицијата.“ – К.С. Луис
5. „Борбата престанува кога благодарноста ќе настапи.“ – Нил Доналд В.
6. „Во животот е клучно дали нештата ги земате здраво за готово или со благодарност.“ – Г.К. Честертон
7. „Тајната е среќата да се живее миг по миг и да му се заблагодарува на Бог што секој ден ни ја дава својата добрина.“ – Св. Ивана Берета М.
8. „Светот има толку прекрасни планини и ливади, неверојатни погледи и мирни езера. Има толку зелени шуми, цветни ледини и песочни плажи. Има толку ѕвезди, изгрејсонца и зајдисонца, секој ден. Она што на светот му недостига се луѓе кои ова би го ценеле и би уживале во сѐ.“ – М. Џ
9. „Благодарноста е богатство. Приговарањето е сиромаштво.“ – Дорис Деј
10. „Да се биде благодарен не значи дека сѐ е во ред. Тоа само значи дека сѐ привлекуваме со благодарност.“ – Рој Т. Бенет.
11. „Среќата доаѓа кога ќе престанеме да се жалиме поради сите неуспеси кои нѐ снашле и ќе станеме благодарни поради неуспесите кои нѐ ни се случиле.“ – Непознат автор
12. „Најдобро кај дарот на благодарноста е што колку повеќе сме благодарни толку повеќе го добиваме.“ – Роберт Холдон
13. „Ако не си благодарен за она што го имаш, зошто мислиш дека би бил благодарен кога би го имал она што го немаш?“ – Рој Т. Бенет
14. „Оној кој не е задоволен со она што го има, нема да биде задоволен ни со она што би го сакал да го има.“ – Сократ
15. „Ако не можеш да наградиш тогаш заблагодари се.“ – Арапска поговорка
16. „Благодарниот ум е голем ум, кој еднаш ќе привлече големи работи.“ – Платон
17. „Нема да бидете среќни со поголеми нешта (или повеќе нешта) додека не станете среќни со она што веќе го имате.“ – Вики Кинг
18. „Сега не е време да се мисли на она што го немаш. Мисли на тоа што можеш да направиш со она што го имаш.“ – Ернест Хемингвеј
19. „Есенција на убавите уметности, големите уметности е благодарноста.“ – Фридрих Ниче
20. „Ако единствена молитва која ја кажувате во животот е само едно “благодарам“, тоа е веќе доволно.“ – Мајстер Екхарт.
21. „Нека благодарноста биде перница на која ќе клекнеш да ја кажеш ноќната молитва. И нека верата биде мост кој го градиш за да го надминеш злото и да го прифатиш доброто.“ – Маја Ангелоу
22. „Најдобра дефиниција за човек е: битие кое се движи на две нозе и е неблагодарно.“ – Достоевски
23. „Благодарноста е плод на голема култивација, не ја наоѓаме кај одвратни луѓе.“ – Семјуел Џонсон
24. „Поостро од забот на змијата е да се има неблагодарно дете.“ – Шекспир (Кралот Лир)
25. „Ја мразам неблагодарноста во човекот, повеќе од лажењето, суетата, оговарањето, пијанството или кој било друг порк.“ – Шекспир
26. „Луѓето кои ја гризат раката која ги храни често и ја лижат чизмата која ги удира.“ – Ерик Хофер
27. „Оној кој не ја изразува својата благодарност кон луѓето никогаш нема да му биде благодарен на Бог.“ – Мухамед
28. „Благодарноста кај повеќето луѓе не е ништо друго отколку потајна желба за добивање уште поголем благодет.“ – Франсоа де Ларошфуко
29. „Да чувствуваш благодарност, а да не ја изразиш е исто како да свиткаш подарок и да не го подариш.“ – Вилијам Артур
30. „Неблагодарен е оној кој порекнува дека добил некаква љубезност или услуга која му била дарувана. Неблагодарен е оној кој тоа го сокрива. Неблагодарен е оној кој ништо не возвраќа за тоа, а најмногу неблагодарен е оној кој тоа го заборава.“ – Сенека Помладиот
31. „Уживај во малите нешта бидејќи еден ден можеби ќе се свртиш назад и ќе видиш дека тие биле големи нешта.“ – Роберт Броу
32. „Додека ја изразуваме својата благодарност, не смееме да заборавиме дека најголемото признание не е само да се изговори зборот туки и да се живее според него.“ – Џон Ф. Кенеди
33. „Мисли на своите моментални благослови, кои секој човек ги има многу. А не на своите претходни несреќи кои секој човек ги има помалку.“ – Чарлс Дикенс
34. „Да се биде благодарен за сѐ добро што го имаш во својот живот е темел на целото изобилие.“ – Екарт Тол
35. „Благодарноста она што го имаме го претвора во доволно, и повеќе. Го претвора одрекувањето во прифаќање, хаосот во ред, збунетоста во јаснотија… Му дава смисла на минатото, донесува мир за денес и создава визија за утре.“ – Мелдои Бити
36. „Земјата не произведува ништо полошо од неблагодарен човек.“ – Аузониј
37. „Мудар е оној кој не тагува за нештата што ги нема туку се радува поради оние што ги има.“ – Епиктет
38. „Биди благодарен за она што го имаш и ќе имаш повеќе. Ако се сконцентрираш на она што го немаш, никогаш нема да имаш доволно.“ – Опра Винфри
Прочитајте ги и најубавите цитати за искреноста.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.