Да ме праша некој што си ми,
јас не знам што ќе му кажам.
И сто пати ќе си ги прегризам усните.
И глас нема да пуштам.
И збор нема да изустам,
за да не згрешам.
Оти ти си ми и мрак и темнина.
И единствена светла точка во хоризонтот.
И дрога си од која сум зависна.
И песна си што не можам да престанам да ја пеам.
И сказна си што не можам да ја дочитам.
И низ сите мои стихови си само ти.
И страв си и утеха.
И бура си и мирно небо.
Ти си ми грев.
И грешка си ми и казна.
И најголем благослов си ми.
И најубаво нешто што ми се случило.
Оти стодна душа ми си.
И ако не биде во овој живот,
во секој мој нареден само тебе ќе те барам.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.