Skip to content

Благодарност

Книго!

Ти го создаде дрвото на мојот нов живот.

 

Кога се распнуваше телото на масата

А рацете на парчето хартија навезена

Го отворив срцето зошто тоа не смееше да биде распарано

Но ти успеа да го затвориш

Да го оплемениш

Да ме натераш да ги сочувам сите твои тајни

И сега доаѓам секој ден да ти се поклонам

Да ти кажам дека нема да ги оддадам твоите тајни

Дека тие остануваат со мене до вечноста.

 

Дрвената корица ја отворив за да го здогледам светот

За да ме однесе во неговото спознавање

За да ме натера да го прегрнам  и кога ми го прободуваше срцето

И кога сакаше да ми го раздели, да ми го направи распар

Но, ти не дозволи да биде распарано

Знам, ќе успееш да го зачуваш до крајот на светот.

 

Сега те држам и знам дека срцево си го држам

И знам дека ти си дел од она што сум јас

Дека успеав да го запишам  она што

Сум го чувала за да ти ми го зачуваш, до крајот на светот.

 

Напишете коментар