Гутенберговата Библија или Библијата на Гутенберг (позната и како Библијата со 42 редови, Библијата Мазарин или Б42 ) била меѓу најраните големи книги печатени со употреба на подвижен метален тип во Европа произведена со масовно производство. Тоа го означил почетокот на „Гутенбершката револуција“ и ерата на печатените книги на Западот.
Книгата е ценета и почитувана заради високите естетски и уметнички квалитети како и поради историското значење. Тоа е издание на латинскиот вулгат, печатено во 1450-ти години од Јохан Гутенберг во Мајнц, во денешна Германија. Преживеале четириесет и девет копии (или значителни делови од копиите). За нив се смета дека се меѓу највредните книги во светот, иако досега не е продадена целосна копија од 1978 година.
Во март 1455 година, за тоа време идниот папа Пиј II напишал дека видел страници од Библијата на Гутенберг прикажани во Франкфурт заради промоција на изданието. Не е познато колку копии биле испечатени. Писмото од 1455 година наведува извори за 158 и 180 примероци. Библијата со 36 редови, за која се вели дека е втора печатена Библија, понекогаш се нарекува и Гутенбергова Библија, но можеби е дело на друг печатач.
Револуција во комуникацијата
Пронаѓањето на машината за печатење од страна на Јохан Гуетнберг претставува едно од најважните случувања во поновата историја. Овој настан го променило функционирањето на светот.
Пред Гутенберговиот пронајдок, целокупното знаење било во рацете на привилегираните. Книгите само се препишувале, а биле и исклучително скапи. Најчесто ги препишувале монасите во манастирите. Препишување на една книга траело со месеци. Затоа копиите биле ретки, а целото достапно знаење било во рацете на аристократијата и црквата. Покрај главните универзитети постоеле работилници за препишување кои се труделе на студентите да им ја олеснат работата, но и понатаму секое копирање било исклучително бавно и траело со месеци.
Не било можно народот да се образува или да се шират нови идеи
Немало начин информациите да се забележат и дистрибуираат до поголем број луѓе. Обичниот народ бил принуден да се потпира на своето помнење и раскажувањето на предците. Секое друго знаење било недостапно. Покрај тоа, често се случувало достапните книги и текстови да се пишувани на неразбирлив јазик како грчки или латински. Ова дополнително отежнувало понатамошно образование и проширувањена информациите.
Пронајдокот на Гутенберг овозможувал да се отпечатат до 500 копии од една книга
Сѐ се променило после пронајдокот. Гутенберг бил вешт занаечтија со неколку децениско искуство. Така и јанаправил таа една толку корисна, но сложена направа. За жал својот пронајдок не успеал добро да го уновчи, починал во сиромаштија, но неговиот изум имал далекусежно влијание. Гутенберг сам не можел да претпостави какви последици ќе има овој изум, тој само бил практичен.
Изумот имал глем број противници, посебно од страна на католичката црква бидејќи можноста за печатење книги значела дека сега секој ќе може да ја печати и толкува Библијата по своја волја, а тоа на црквата не ѝ одговарало.
Француската револуција и укинувањето на феудализмот била прва последица
Првата далекусежна последица од печатарската машина е Француската револуција и укинување на феудализмот. Ова се случило бидејќи станално возможно печатењето на летоци, книги и памфлети за голем број луѓе.
Прочитајте и кои се почетоците на пишувањето и како настанал папирусот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.