Таму далеку во моите соништа си
вечно заклучен, сеќавања длабоки
искрени, љубовни, неповторливи
како крин во коса на свилена постела
се рaзвива страст, те пијам, се опивам
црвено вино испиено си, се сладам
верувај никогаш доста не си ми.
На пиедестал те ставам никому не те давам.
Жедна сум, да жедна за тебе.
Каде си ? Биди со мене, засекогаш до мене.
Таму далеку во срце си ми
вечно ќе те носам
како скриена детелина со четири листа
во коса си моја долга,
житородна, кадифена од среќа навиткана.
Во мисли си ми секојдневно
птица на бескрајот, мелем во рајот.
Таму далеку си
а, секогаш си тука како ехо ѕвониш
со бакнежи ме будиш
те чувствувам, те дишам, те живеам, те љубам.
Му благодарам на Бога што те имам.
Таму далеку си некаде
те гледам, во мисли те следам.
Хоризонтот пред мене се извил
како јагула во езерска длабочина.
Да, ти си мојот животен столб, мојот темел,
мојот Ангел, мојот Казанова, мојот суден.
Се сеќавам на дни поминати
на басамаци седнати
долго во ноќта прегрнати.
Светлина се раѓа од исток.
Ти си мојата искра, мојата сласт,
животен пулс на нашите спомени.
Во бела руба на судбината облечени
во едно тело сплотени
патуваме во сонот за раце фатени
низ животните предизвици
заедно чекориме таму далеку
само јас и ти, само јас и ти.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.