Skip to content

Не ти кажав сè

Не, не ти кажав сè.
Не ти кажав за него.
Ти го премолчив.
Го проголтав.
Во мисливе го завиткав.
Во срцево го сокрив.
Далеку.
За да не може да го видиш.

Да не може да го видиш ниту ти,
ниту било кој друг што ќе ми копа по душава.
Не, не ти кажав сè.
Ама ти сигурно знаеш.
Знаеш дека некои ноќи се случуваат оти мора да се случат.
Нечии очи те прогонуваат до смрт.
Знаеш.
Сигурна сум дека знаеш.
Знаеш оти само ноќта е сведок на некои средби.
Само ноќта е сведок на некои љубови.
Само ноќта е сведок на нечии солзи.
Ноќта. И никој друг.
Јас не ти кажав сè.
Не ти кажав за него.
Го премолчив,
Го премолчив ко што молчам секогаш
кога ќе ме прашаш за кого ми се напишани песните.
Ама знам дека знаеш.
Јас дури и збор да не кажам.
Знам дека веќе знаеш сè.

Напишете коментар