Очајната старица,
во бара заробена,
од шеметот истоштена
Со левата рака
кон шамакот замавнува,
десната кон небесата ја подигнува
Но безуспешни ѝ се обидите
да се оттргне од прегратката
на безмилосната мил
Не ме бара веќе никој тука,
туку на кои ли ридови играт
чистите ќерки на вознесените
И какво ли семе
расфрлаат бодрите синови
по долините?
Ех,
ех,
ех!
И ехото на величието исчезна,
и калта ми е легло,
и заборавот ми е дом!
Извадок од поетската збирка „Исход“ (Едиција, Современа македонска поезија)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.