Skip to content

Сѐ да ми земат – А. Лефкоска

Сѐ да ми земат,
И куќа и дуќан
и име и презиме
и живот и душа,
Пак ќе си терам кај што сум тргнала,
И верувам, нема да бидам првата
што живот од пепел пак изградила.

Сѐ да ми земат,
И срце и полиња,
Ќе ми останат соништа
Ќе ми останат надежи,
Тие и без нозе ќе ме носат на плеќи.

Сѐ да ми земат,
Збор и лист
и пенкало ќе ми останат,
и да ме нема, тие нема да занемат.

Напишете коментар