Skip to content

Ползавец

Изникна како феникс од грутката земја

За да го опколиш лозовиот насад

Твојта убавина нежна

Ме остави без збор, без морален пад.

 

О, ти цвету кој ползиш низ стеблеста нишка

Каде ли оди твојата убост вишна?

Дали оди кон небото, кон рајот

Каде се скрила твојата душа безгрешна?

 

Мојот цвет е тука, за да те опојува со мирис

Но, мојта душа таа е во небесни сфери

Таму таа пречекува гости пред рајски двери.

 

Ќе полетам сега, да ти бидам гостин

Пречекај ја те молам мојава душа

Која сака твојот мирис да го гушка.

Напишете коментар