На С.Ј.
Глув варовник паѓа врз нашите лица.
Се прпелка огнот под него како птица.
Се прпелка огнот во кафез од време,
На полноќно сонце зрее црно семе.
Сам од себе огнот оган вечер краде
љубовта на бодеж своја да ја даде.
Греј, полноќно сонце, не запирај, греј.
Еве сам и ранет, иде Прометеј.
Како стрвник стемнет, како земја гладна
го подзеде огнот и изгорен падна.
Песната се стопи како лажно злато.
Подолг е од животот до човека патот.
Само од себе огнот оган вечен краде
љубовта на бодеж своја да ја даде.
Молчи, молчи, молчи во млада боровина.
Оган и горовина. Оган и горовина.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.