Денешниот ден е денот на упокојување на неповторливиот македонски поет, Анте Поповски. Во тоа име, чест и негов спомен споделуваме негови стихови со наслов „Зошто да страхувам“. Додека нецивилизраните луѓе се обидуваат да наштетуваат и да ја вандализираат бистата на Анте Поповски како и на Славко Јаневски, ние се потсетуваме на делото на Поповски. Се надеваме дека сторителите ќе се најдат и ќе одговараат за овој нефер чин. Секое вакво дело на уништување културни обележја треба да биде строго казнето.
Нека страхуваат тие што се обидуваат да го “извалкаат“ споменот на македонските великани. Вие не заслужувате да живеете под истото парче небо каде дишеле, газеле и живееле тие пред вас. Ако не знаеме да ги почитуваме овие скапоцености, ништо не заслужуваме. Страхувајте вие од самите себе што сакате да тоните во бездна повлекувајќи ја и земјава со вас. Нема да ви успее! Прочитајте ги во продолежние стиховите.
Зошто да страхувам
Зошто да страхувам,
од што да се плашам
И оние кои веќе ги нема
некогаш ги гледаа
овие исти ѕвезди и врвои,
и исти молитви глаголеа,
и исти песни пееја,
и овој ист наш јазик го говореа
и иста мисла како мојава
ги опседнуваше:
Зошто да страхувам,
од што да се плашам?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.