Нè учат да бидеме убави,
ама да не провоцираме,
да бидеме независни,
ама да не чекориме сами,
да бидеме скромни,
ама да не бидеме дрски,
да бидеме заносни,
ама да не флертуваме,
да блескаме од сексапил,
ама да не покажуваме,
да бидеме самоуверени,
ама да не го креваме гласот,
да бидеме згодни,
ама да не претеруваме
да бидеме свои,
ама не е на наш начин.
Ни велат да не стоиме,
ама ако може да почекаме.
Додека сме сè уште тука
посакуваат да се пикнат
меѓу нашата сукња.
Ни велат да не се разголуваме,
да си ги прекрстиме нозете,
секогаш да бидеме учтиви и фини.
Нè прашуваат што ќе пиеме.
Дали умееме да флертуваме?
Дали излегуваме до доцна?
Нè обвинуваат дека сме им дозволиле.
Велат дека не смееме да им речеме „не“,
дека не треба да облечеме нешто
во кое ќе изгледаме ефтино и лесно.
Ни велат да не стоиме,
ама ако може да почекаме.
Додека сме сè уште тука
посакуваат барем да ѕирнат
меѓу нашата сукња.
Сакаат да им веруваме
кога велат дека
не се сите мажи исти.
Но зошто тогаш секогаш нè повредуваат?
Зошто сите се однесуваат исто?
Што и да направиме,
ние секогаш сме тие
кои сами си го барале.
Ни велат да не застануваме,
ама ако може да почекаме.
Додека сме сè уште тука
стануваат свесни дека
родот можат да си го продолжат
само ако ги пуштиме меѓу нашата сукња.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.