Панделка носат само храбрите
Оние чии гради дишат само чистина
Длабоко ја сокриле болката
Ја измил октомврискиот дожд.
Неми се во погледите
Но, срцето нежно им чука
Како песна на славеј
Кој не може да го чуе никој
Освен ангeлите кои ги чуваат
Нивните тајни сокриени од луѓето,
А им чука само за надеж
Дека ќе го преживеат и
Овој немир, оваа болка
Уште еден ден
Во кошмарот наречен живот.
Панделка носат само
Оние со големо срце
Без градите
Но на кои срцето
Им чука посилно
И не можат да живеат
Со стигмата на јадот,
Само со слободата
На животот.
Тие се поголеми
Од кутијата во кои се ставени
Поголеми од вселената
Поголеми од самиот живот.
Нека светне розово
За нив секој нов ден
Да подадеме рака
Сите со еден
Убав розев цвет.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.