Та и к’на да туриш во белина на душа
и спокој две-три капки,
наросени со воздишка, недодишана.
Саде мирис ќе чуеш низ ноздрите.
Те повикува на сладок сон.
Ни црнилото ќе го видиш,
ниту вкусот ќе го сетиш.
Само отисок ќе имаш на дланка.
Чист крик, забревтан од спокој.
И погледот ќе ти се стори збор,
а зборот, мисла.
Мисла која ќе те гони…милум.