Седум години тече моето бистро поточе
и расте —
а јас, патник што толку долго чекори,
сè покрај него,
нема што да зборувам,
го слушам занесен неговиот глас.
И само одвреме навреме ќе кажам по некој збор
да го спотнам разговорот,
кога ми се чини дека стивнува.
Јас се саќавам за веселите славејчиња што
шумва —
и го чувам грижно тој спомен,
дека нема враќање узводно.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.