Понекогаш јас именувам некоја ѕвезда
не знаејќи дека е тоа име на една жена.
(Во нејзиниот сон огнот зафаќа милијарди гнезда
на птиците што немаат крила да се кренат.)
Понекогаш јас именувам некоја ѕвезда
не мислејќи дека изговарам име на град еден.
(Среде плоштадот големиот гуштер со отровна жлезда
наредува да му се доближат децата наредени.)
Понекогаш јас именувам некоја ѕвезда,
но она што е зад нејзиното име нема никогаш да се дознае.
Го барам тоа напонски, потамина, без да
допрам нешто, свртен кон небото како слеп ѕвездознаец.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.