Слегов до реката,
Се обидов да размислувам, но не можев,
Така скокнав но не потонав.
Дојдов уште еднаш и урлав!
Дојдов по вторпат и плачев!
Ако таа вода не беше толку студена
Можеби ќе сум потонела.
Но,беше студено во таа вода! Беше ладно!
Се качив со лифтот
Шеснаесет ката над земјата.
И мислев дека ќе скокнам надолу.
Стоев таму и урлав!
Стоев таму и плачев!
Да не беше толку високо
Можеби скокнав и умрев.
Значи, бидејќи јас сум сè уште тука и живеам,
Претпоставувам дека ќе живеам понатаму.
Можев да умрам
Но, за да живеам јас сум родена.
Иако можеби ќе ме слушнете како врескам,
И може да ме видиш како плачам
Но секогаш ќе бидам искрена
Животот е добар! Како вино! Животот е добар!