Skip to content

Бессоница – Јон Деаконеску

Покрај македонската поезија на ред е и светската поезија, а изборот е од стихозбирката „Осудата на поетот“ од современиот романски писател и есеист Јон Деаконеску. „Бессоница“ од Јон Деаконеску е песна полна со стилски фигури, со длабоко значење. Прочитајте ја песната во продолжение.

Бессоница

Кога птицата на сонот
посака да си направи гнездо
во светлината на моето око,
ги виде клепките и се исплаши од јамка.

Bel-al-Hamara

Низ густата шума на миговите се јавуваат пријатели

Демнејќи со секира
Од виножито,
Тие ми ставаат в рака сабја без сечило
Да се борам со змиите на заскитаните мисли
Речиси сонувачки во своите градби
На мистерии и гласини.

Птицата на сонот нема да си направи гнездо
Во моето око возбудено од сонот кој мами
Поради страв од клепките-решетки на колипката
На ноќта
Без тајна.

Напишете коментар